Двајца клучни играчи на Ливерпул се враќаат по репрезентативната пауза

Ливерпул се соочи со огромна резултатска криза во последните четиесетина дена, „црвените“ имаат сериозно заостанување зад лидерот Арсенал, но Арне Слот конечно доби добри вести од медицинскиот тим околу здравствениот статус на дел од повредените првотимци.

Двајца клучни играчи ќе се вратат во таборот на „црвените“ веднаш по оваа репрезентативна пауза, па така Слот повторно на располагање ќе ги има Алисон Бекер и Александер Исак.

Бекер повеќе од еден месец е „во аут“ поради повреда на мускулот, но тој од пред неколку дена тренира со полна пареа и ќе биде „фит“ за настап наредниот викенд. Што се однесува до Исак, голгетерот настапи во последните триесет минути на синоќешниот квалификациски дуел меѓу Швајцарија и Шведска.

Тој беше надвор од терените нецел месец, но конечно ја надмина повредата и ќе му биде на располагање на Слот по завршувањето на оваа репрезентативна пауза. Добра вест за Ливерпул е што и Мохамед Салах доби одмор и нема да настапи на последниот квалификациски меч, па „фараонот“ ќе се врати порано во Англија и максимално подготвен ќе ги дочека новите клупски предизвици.

Ливерпул во првиот меч по паузата ќе го пречека Нотингем Форест, по што ќе следи дуел од Лигата на Шампионите, на „Енфилд“ против ПСВ Ајдховен.

Се вчитува...