Двајца важни играчи се враќаат кај Вардар за дуелот со Висла

Вардар ќе биде значително засилен за вечерашниот натпревар против Висла Плоцк откако тренерот Иван Чупиќ повторно доби на располагање двајца исклучително важни ракометари во неговата ротација.

Станува збор за македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски и за Бразилецот Жоао Педро да Силва, тандемот што поради повреди не можеше да настапи на првите две средби во ЛШ, против Мелсунген и Нант на кои „вардарци“ претрпеа минимални порази.

Лазаревски и Да Силва беа дел од тимот во убедливата победа на последното дерби со Охрид, покажувајќи дека се во одлична форма и дефинитивно ќе му бидат од корист на стручниот штаб за вечерашниот дуел.

Тренерот Чупиќ вечерва повторно нема да може да смета на Митровиќ поради суспензија, како и на повредениот голман Бомаштар.

Висла ќе биде речиси комплетна во Скопје, ако се знае дека кај Полјаците ќе недостига единствено хрватското крило Михиќ.

Се вчитува...