Две години без Коби Брајант – Светот се уште тагува по „Мамбата“ (ВИДЕО)

Две години како кошарката го загуби еден од најголемите на сите времиња. На 26. јануари Коби Брајант заедно со неговата ќерка Џиџи го загубија животот откако загинаа во авионската несреќа во Калифорнија.

И две години подоцна светот се уште тагува по „Мамбата“ која иако многу остави имаше уште многу работи кои не ги доврши. Голем дел од младите таленти работеа со него и воопшто не беше себичен своето знаење да го пренесе на неговите наследници.

Коби Брајант 5 пати стигаше до титулата во НБА лигата, 2 пати беше МВП на финалните серии, а еднаш на регуларниот дел од сезоната. 18 пати настапи на „Ол-стар“ натпреварот на кој четири пати беше МВП.

Се вчитува...