Две имиња во игра за нов напаѓач во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е во потрага на нов напаѓач, откако сезонава на таа позиција можеше да смета само на Ентони Марсијал и Одиог Игало. Како први две трансфер желби на менаџерот на клубот, Оле Гунар Солскјер се наведуваат Висам бен Једер од Монако и младиот шпански фудбалер и член на Валенсија Феран Торес.

Бен Једер најверојатно ќе замине од Монако бидејќи францускиот тим нема да биде дел од европските натпреварувања следната сезона, а оваа ситуација сака да ја искористи клубот од „Олд Трафорд“ кој сака да го засили нападот. Бен Једер сезонава беше еден од најдобрите фудбалери на „кнезовите“ постигнувајќи 19 гола. Феран Торес има одлична сезона во Валенсија, а од таборот на „црвените-ѓаволи“ сметаат дека тој би бил идеално решение за напаѓачката позиција во тимот, поради мисијата за подмладување на екипата и создавање нов тим кој следните сезони треба да се бори за трофејот во Премиер-лигата.

 

Се вчитува...