Две измени во составот на Лазаров за вториот натпревар со Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезетнација денеска од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје силите ќе си ги одмери со Фарски Острови во вториот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во 2025 година.

По поразот на гостувањето кај Фараните од седум голови избраниците на селекторот Кирил Лазаров се соочуваат со (не)возможна мисија, но ќе ја имаат поддршката од домашната публика која во минатото била клучна за „црвено-жолта“ радост.

А, пак во однос на претходниот натпревар во Торшавн, селекторот Лазаров се одлучи за две измени во составот во кој ќе дебитира вардаровиот среден бек, Мартин Карапалевски, додека во тимот се враќа и Иван Џонов кој беше стандарден на изминатото Европско првенство. Овие двајца ќе ги земат местата на Цветан Кузмановски и Дамјан Митев.

За разлика од Македонија, Фарски Острови нема да претрпи промени во ростерот.

Се вчитува...