Две легенди се споменуваат како наследници на Манчини во Италија

На еден месец пред пресметката со Македонија, Италија остана без селектор. Роберто Манчини си поднесе оставка. Не е спорно тоа што се решил на ваков чекор, туку тајмингот кога го стори тоа, со оглед дека јавноста од него бараше да си замине уште после поразот во бараж дуелот против Македонија за пласман на Мундијалот во Катар.

Манчини дојде на кормилото на Италија во 2018 година, три години подоцна со репрезентацијата го освои ЕВРО 2020, а неговата селекција не успеа да се пласира на последниот Мундијал, а на патот се испречи токму Македонија.

Во италијанските медиуми две имиња се споменуваат како можни наследници. Тоа се поранешните легенди на репрезентацијата Фабио Канаваро и Даниеле Де Роси. Последен клуб на Канаваро му беше Беневенто, а работеше и во Кина. Кариерата на Де Роси е далеку поскромна, односно го водеше само Спал во сезоната 2022/23.

Се вчитува...