Две нови имиња во нападот на „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров ги официјализираше трансферите на двајца нови напаѓачи, кои во следната сезона ќе го носат дресот на „лавовите“.

Првиот од нив е Абу Камара, фудбалер кој има 24 години и доаѓа од Либерија, а во својата кариера има настапувано и во првенствата на Косово и на Словенија. Заедно со Камара во тимот од Ѓорче Петров пристигнува и Кристијан Ивановски, кој лани го носеше дресот на Кадино, а сега ќе се обиде да се наметне и во таборот на „лавовите“.

Македонија ЃП е еден од најактивните тимови н пазарот, досега летово успеа да ги ангажира и Филип Мишевски, Кристијан Костовски, Балша Бановиќ, Љавдрим Фазлиу, Јован Попзлатанов, Филип Костовски, Мирза Идризовиќ и Амар Колашинац. Нови договори со „лавовите“ потпишаа Боби Божиновски, Ермедин Адем, Кристијан Филиповски, Самир Фазли и Есмин Личина.

Се вчитува...