Две опции – Бордо и Анталија во трка по Несторовски

Илија Несторовски не успеа да си обезбди трансфер во италијанската фудбалска елита, но се уште постојат големи шанси Македонецот до крајот на овој месец да си замине од Палермо. Пред се проблем за Палермо е платата на македонскиот голгетер во висина од 750.000 евра годишно, што е превисоко за клуб од втората италијанска лига и поради што сицилијанците ќе инсистираат на негова продажба.

Како што јавуваат локалните медиуми, Палермо во моментов има на маса две понуди за Несторовски, првата од Анталија, а втората од францускиот прволигаш Бордо. Турскиот клуб е единствениот што испрати конкретна понуда од пет милиони евра, но Несторовски тогаш одолговлекуваше во ситуација кога се надеваше на трансфер во „Серија А“. Бордо е заинтересиран за позајмица, опција што досега не му одговараше на Палермо, но што сицилијанците сега сериозно ќе ја размислат за да се ослободат од платата што инаку ќе треба да му ја платат на Македонецот за наредната сезона.

Времето полека, но сигурно истекува, и Несторовски и Палермо се подготвени за трансфер, па останува да се види каде ќе заврши Македонецот, најдоцна до 31 август.

Се вчитува...