Две опции за Милан: Анчелоти или Конте за смена на Монтела

Раководството на Милан веќе разгледува неколку опции за смена на нивниот тренер, Винченцо Монтела. Иако при првите шпекулации за нов предводник се спомнуваше Валтер Мацари, сепак јасно е дека „росонерите“ пред се ќе се обидат да ангажираат тренер со побогата кариера.

Прв избор е Карло Анчелоти, кој како тренер и играч освојуваше се можно со Милан, па сега одборот ќе се обиде повторно да го врати на кормилото. Втората опција е Антонио Конте, менаџерот на Челси и вечната желба на раководстовто на Интер. И двајцата поседуваат искуство и знаење кое би било клучен фактор за Милан повторно да конкурира во италијанското првенство, и пред се да се врати во Лигата на шампиони.

Монтела има се помалку време за да ги поправи грешките. По поразот од 2-0 против Сампдорија минатиов викенд, столчето се „ниша“ на италијанскиот стратег, бидејќи поразот е веќе втор во првенството по само шест кола.

Следните пет средби во Серија А ќе бидат пресудни за Монтела и Милан, бидејќи им претстојат три дерби натпревари против Рома, Интер и Јувентус, а меѓу тие пресметки шанса за изненадување ќе чекаат Џеноа и Киево.

 

Се вчитува...