Две причини поради кои Јунајтед не може да му даде отказ на Солскјер!

Оле Гунар Солскјер останува на клупата и по понижувачкиот пораз од Ливерпул. Тренерската клупа постојано му се ниша на Оле, но сега тој направи уште еден голем чекор кон заминување од Манчестер.

Солскјер рече дека ова е најтемниот ден во неговата менаџерска кариера, но дека би било глупаво да се откаже сега кога е блиску до остварување на долго градениот проект.

Блиску до што, се прашуваат новинарите.

Имено, Јунајтед на Солскјер не им парираше на сериозните екипи и тоа се виде и вчера, а најлошото допрва доаѓа, следува Тотенхем, па гостување во Бергамо и потоа меч против Сити пред паузата. Доколку продолжи со низа лоши резултати, веројатно за време на репрезентативната пауза ќе се размислува и за нов тренер.

Што го спречува Јунајтед да го замени Норвежанецот?

Прво, Солскјер потпиша договор до 2024 година и беше претставен како проект на подолг период. Тимот е создаден според неговиот калап, а со донесување на нов менаџер се подразбира дека тој ќе бара нови играчи за што клубот ќе биде подложен на дополнителни финансиски трошоци.

Второ, челниците немаат решение, Зидан наводно ја одбил понудата да седне на клупата на „црвените ѓаволи“. Тој чека понуда од француската репрезентација за да го презеде националниот состав по СП, а евентуалното донесување на Антонио Конте предизвикува сомнеж кај сопствениците. Проблем е темпераментот на Италијанецот, па не сакаат да се повтори ситуацијата со Мурињо во Јунајтед.

Но, јавноста тврди дека Конте би бил добро решение, без разлика на се, имајќи предвид дека со себе носи победнички менатлитет. Но, тука е и прашањето за Кристијано Роналдо, кој наводно го спречил Конте да се врати во Јувентус пред две години.

Во секој случај, решението не е на повидок, а ситуацијата се влошува.

Се вчитува...