Две сестри од Германија суспендирани поради допинг скандал

Шокантни вести доаѓаат од германската атлетика. За само еден месец разлика две спортистки од оваа земја, родени сестри, беа суспендирани поради допинг на четири и пет години. Софија Бенфарес доби четири години суспензија откако беше позитивна на ЕПО, помалку од еден месец откако нејзината сестра Сара беше суспендирана на пет години. Веста ја потврди Антидопинг агенцијата на Германија.

Софија Бенфарес беше привремено суспендирана на 26. февруари, а кога вториот тест потврди дека има недозволена супстанца во крвта, беше суспендирана на четири години.

Сите резултати што ги постигна по 11. јануари годинава и се поништени, но и понатаму го има бронзениот медал што го освои лани на Европското првенство за спортисти до 20 години во трката на 3.000 метри.

Пред само еден месец нејзината сестра Софија беше суспендирана на пет години. Нејзиниот примерок бил позитивен дури и на забранети супстанции, вклучувајќи ги стероидите тестостерон и кленбутерол, како и ЕПО.

Сара неодамна објави дека става крај на кариерата, а нејзиниот татко во интервју изјави дека има рак на коските и затоа морала да земе дел од забранетите супстанци. Сестрите пораснале во близина на Париз, но се натпреваруваат под германското знаме. По позитивните допинг тестови, тие беа исфрлени од Атлетскиот клуб Релинген, чии членови беа.

Се вчитува...