Две странски засилувања за Тиквеш

Тиквеш продолжува со формирање на тимот со кој кавадарчани ќе атакуваат на што подобар пласман во првата сезона по камбекот во елитното македонско фудбалско друштво.

Од денеска нови членови на кавадаречкиот прволигаш се Фортунато Да Силва до Ангола, кој има холандско државјанство со настап за неколку холандски нисколигаши во кариерата, како и Сенегалецот Ибрахима Тиам, кои ги ставија потписите на договорите со Тиквеш и ќе му се стават на располагање на стручниот штаб.

Екипата на Тиквеш денеска замина на десетдневни подготовки во Охрид, каде ќе одигра и неколку контролни натпревари.

Се вчитува...