Двејн Вејд го најави „последниот танц“ (ВИДЕО)

Трикратниот НБА шампион, легендарната ѕвезда на Мајами, Двејн Вејд, најави дека ќе ја одигра последната сезона, 16. во кариерата. Тој им стави крај на шпекулациите околу одуката за пензија, во емотивно видео најавувајќи дека ќе ја одигра уште претстојнава сезона. Во видео-пораката 36-годишниот Вејд вели дека е подготвен за „последниот танц“.

„Работите секогаш ги правев на мој начин. Дали беа добри или лоши, преку нив дојдов до оваа позиција бидејќи правев онака како што сметав дека е најдобро за мене и за моето семејство. Мислам и дека е правилно да ве замолам да ми се приклучите во последниот танц и уште една сезона“ – порача Вејд.

Двејн Вејд во НБА лигата почна во 2003 година како петти пик на драфтот. Го избра Мајами кој не го напушти се до 2016 година. Потоа помина по една сезона во Чикаго и во Кливленд, а во февруари оваа година во размена се врати во Мајами.

Вејд 12 пати беше избиран за Ол стар викендот, со Мајами освои три шампионски титули, а во 2006 беше и МВП на финалето. Тој е рекорден на Мајами по бројот на постигнати поени, по забележаните асистенции и по бројот на настапи во франшизата на Хит.

 

 

 

Се вчитува...