Двоен малер за Тотенхем на стартот на 2020 година

Тотенхем и Жозе Мурињо доживеаја двоен малер на гостувањето против Саутемптон, на отворањето на новата 2020 година. Покрај поразот од 1-0, Тотенхем го загуби и капитенот Хари Кејн, кој заработи повреда на бутниот мускул и беше заменет во 75.минута со Ерик Ламела.

Дени Ингс во 17.минута беше стрелец на победничкиот гол за Саутемптон.

Лестер продолжи со триумфални чекори откако славеше со 0-3 на гости кај Њукасл. Ајозе Перез и Џејмс Медисон донесоа предност за „лисиците“ во првиот дел, а Хамза Чудхури во финишот го постави конечниот епилог.

Вотфорд го совлада Вулверхемптон со 2-1, со головите на Делофеу и на Докоре.

Се вчитува...