Е. Пелистер немоќен и против Кил за 12-ти пораз во Европа!

Ракометарите на Е. Пелистер доживаеја уште еден убедлив пораз во 12. коло од Лигата на шампионите, овој пат на гостувањето од германскиот гигант Кил со 29-23.

Се на натпреварот беше решено уште во првото полувреме кое Германците го одиграа фуриозно не давајќи ниту мала надеж на „пелистерци“ дека може да се надеваат на изненадување. Од самиот старт со постојана предност, на крај Кил првите 30 минути ги доби со предност од 19-10.

Па, во второто полувреме домашните можеа да си дозволат опуштање, што донесе до серија од 3-7 на Е. Пелистер до 42. минута за доближување до минус пет од 22-17. Но, тоа беше краток блесок, па Кил се врати потоа во серија, одржувајќи ја предноста меѓи 7 и 8 гола, за на крај за конечна победа од 29-23.

Најефикасен во редовите на битолчани беше Радивојевиќ со шест гола, а Пешевски мечот го заврши со четири постигнати погодоци. По три гола запишаа Филип Кузмановски, Дејан Манасков и Цехте. Лесјак имаше 13 одбрани од 40 шута, но ниту тоа многу не помогна за поуспешно парирање на големиот фаворит. Кај Кил се издвои Елефсен со осум постигнати гола.

Се вчитува...