Македонскиот шампион, екипата на Е. Пелистер би можел да остане без стратегот Раул Алонсо за следната натпреварувачка сезона.
Откако Алонсо успеа да дојде до нова титула со „пелистерци“ во Македонија, како што пренесува германски „Билд“ за негов ангажман силно е заинтересиран германскиот ракометен бундеслигаш Лајпциг.
Лајпциг се раздели со Рунар Сигтригсон, а како што пишува „Билд“, прва желба за нов тренер е токму Раул Алонсо.
Шпанецот е под договор со Пелистер до јуни 2026 година. Плановите на тимот секако се Алонсо да ги води „зелените“ и во новата сезона од Лигата на шампионите, но сепак се ќе зависи и од понудата на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА