Е. Пелистер со лесна победа над Бутел

Еурофарм Пелистер на домашен терен лесно го совлада составот на Бутел. На крајот победата беше со осум разлика 26-18, иако можеше да биде поубедлива да не доаѓаше до опуштање во составот на домашните во периоди во натпреварот.

Само на почетокот Бутел парираше и беше во „егал“, а потоа домашните дојдоа до 8-5, а подоцна и до плус четири на полувремето 15-11.

Во вториот дел избраниците на Јовиќ се разиграа, дојдоа и до плус седум во еден момент, и потоа рутински го држеа под контрола резултатот.

Костески со осум гола беше најефикасен кај Еурофарм, додека ист број на голови постигна и Мајиќ кај Бутел.

Се вчитува...