Еден човек е виновен за тоа што Халанд не премина во Манчестер Јунајтед

Ерлинг Халанд во моментов е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа. Тој се прослави со игрите во Ред Бул Салцбург, на по фантастичната полусезона во австрискиот тим на почетокот на годинава потпиша со Борусија Дортмунд. Германскиот клуб плати 20 милиони за неговите услуги, а познато е дека тој беше во преговори и со Манчестер Јунајтед.

Скоро десет месеци покасно англиските медиуми открија која е причината поради која пропаднал трансферот во Манчестер Јунајтед. Тој минатата година разговарал со Солскјер и откако бил воодушевен од неговиот сонародник се согласил да премине на „Олд Трафорд“. Кога се било договорено извршниот директор на клубот, кој го собира гневот кај фановите на „црвените ѓаволи“ одлучил на своја рака да го стопира трансферот бидејќи не му се допаднало колку пари ќе земе агентот на Норвежанецот.

Со ова Вудворд уште еднаш покажа дека нема никакви фудбалски познавања и дека со секој свој потег го уништува клубот.

Се вчитува...