Еден и единствен – Кире Лазаров и на 41 година е дел од „кремот на Европа“

Кире Лазаров денеска го прославува својот 41. роденден, со што македонскиот ас е единствениот ракометар што и во петтата деценија од животот продолжува да доминира на терените ширум Европа.

Класата на Лазаров говори сама за себе, тој и како ветеран го предводи Нант до големи успеси, успевајќи со францускиот тим да се пласира во четвртфиналето од ЛШ каде ќе се сретне со унгарскиот гигант Веспрем. Обврските на Лазаров сега се уште поголеми бидејќи капитенот од пред неколку месеци стана и селектор на Македонија, функција што исто така ја извршува успешно откако на дебито го совлада светскиот првак Данска.

Лазаров е еден и единствен, неслучајно Нант и на 41-годишна возраст му понуди на Македонецот нов едногодишен договор, откако на  тренерот Ентрериос и на челниците на францускиот клуб им стана јасно дека Лазаров се уште е дел од кремот на Европа и има уште што да покаже и сподели од своето ракометно знаење.

Се вчитува...