Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва во неизвесен и крајно интересен натпревар со минимални 1-0 славеа над Севилја во последниот меч од денешната понуда од 26. коло во Ла лига.
Реал Мадрид поведе со 1-0 уште во 10. минута, но поради прекршок на Васкез претходно во акцијата тој по проверка со ВАР беше поништен. Сепак, кога беше најпотребно се појави веќе отпишаниот Лука Модриќ кој со гол во 81. минута донесе големи три бода за „кралевите“.
Real Madrid [1] – 0 Sevilla – Luka Modric 81′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА