Еден Јокиќ не беше доволен – Голден Стејт го елиминираше Денвер, шампионот подобар од Мајами

Никола Јокиќ и неговиот Денвер беа елиминираше од плеј-офот на НБА лигата откако Голден Стејт го доби и петтиот натпревар, славејќи со 102-98. Србинот кој одигра маестрален плеј-оф повторно беше на чекор до трипл-дабл учинок проследен со 30 поени, 19 скока и 8 асистенции, но овој пат истиот не беше доволен за победа.

Него го следеше Демаркус Казнас со 19 поени и 4 скока, а лидер на гостите со 30 поени, 5 скока и 5 асистенции беше Стеф Кари, додека Пејтон додаде 15 поени.

Во четвртфиналето се пласираше и Милвоки кој со идентични 4-1 триумфираше против Чикаго. Петтиот натпревар актуелниот шампион го доби со 116-100, а во него „црвените“ немаа одбрана за Јанис Адетокумпо кој со 33 поени и 9 скока беше енигма на паркетот. Патрик Вилијамс ги предводеше гостите со 23 поени.

Се вчитува...