Еден „лајк“ ја возбуди НБА пред стартот на сезоната

Новата сезона во НБА лигата во најава носи и едно ново големо ривалство и тоа меѓу ѕвездите што доаѓаат.

Словенецот Лука Дончиќ ќе ја игра својата прва сезона во најсилната кошаркарска лига во светот во тимот на Далас Маверикс. Во новата сезона во дресот на Далас ќе дебитира и ѕвездата на Универзитетот Мисури, Мајкл Портер Јуниор. А, на Американецот не му се допаѓа популарноста што ја ужива најдобриот млад кошаркар од Европа.

Влијателниот ЕСПН веќе го најави Лука Дончиќ како главен фаворит за признанието дебитант на годината во НБА лигата. Кошаркарските стручњаци од ЕСПН сметаат дека Словенецот во дресот на Далас лесно ќе дојде до титулата најдобар играч уште во првата година. Но, ваквите прогнози не им се допаѓаат на неговите конкуренти.

Мајкл Портер Јуниор тоа и јавно го порача, со „лајк“ на критиката за ваквата проценка од ЕСПН.

Еден корисник на Инстаграм, го критикуваше ЕСПН што го поставил Дончиќ како голем фаворит.

„Ова е смешно. Лука е најпреценетатат личност што сум ја видел во животот“ – напиша „критичарот“, а на објавата набрзо стигна „лајк“ од другиот кошаркар на Денвер.

Портер се нашол погоден од ваквите прогнози. Тој според најавите требаше да биде меѓу првите три избори на годинашниот драфт. Но, тешката повреда на грбот го спушти на 14.место од каде го одбраа од Денвер нагетс.

„Лајкот“ на Портер и помалку неколегијалната реакција на Американецот веќе најавија ново ривалство во НБА иако двајцата млади кошаркари се уште немаат одиграно ниеден натпревар во најсилната лига во светот.

Уште повеќе што не остана должен ни Лука Дончиќ, па тој стави „лајк“ на постот на црногорскиот кошаркар, Дино Радончиќ со појаснување кој е всушност „преценетиот“ – „ МВП во Евролигата не може да биде преценет. Повреден играч кој не одиграл пет колеџ натпревари може да биде преценет“

Се вчитува...