Еден меч суспензија за Нејмар

Нејмар повторно ќе мора да пропушти натпревар на ПСЖ во француското првенство поради суспензија откако „дисциплинците“ решија да ја активираат „условната казна“ што му беше изречена на Бразилецот при црвениот картон против Олимпик Марсеј.

Покрај неиграњето на еден натпревар, тогаш Нејмар беше казнет со уште еден меч суспензија „условно“, што би се активирала доколку тој повторно сличен испад на теренот. Откако асот на ПСЖ влезе во конфликт со фудбалерите на Троа на последниот меч од француското првенство и за тоа доби жолт картон, „дисциплинците“ проценија дека тоа значи и прекршување на условната казна.

Интересна, одлуката стапува на сила од 5 декември, што значи дека Нејмар ќе може да настапи в сабота против Стразбур, но потоа нема да му биде на располагање на Унаи Емери за дуелот со Лил, закажан за 9 декември.

Се вчитува...