Еден момент го реши лондонското дерби: Мурињо потклекна пред „својот“ Челси (ВИДЕО)

Тотенхем нанижа и трет пораз во низа во Премиерлигата, овој пат во лондонското дерби од Челси минимално со 0-1.

Еден момент го одлучи победникот на дуелот, а тоа е непромислениот старт на Ерик Дајер во 24. минута за пенал. Ударот од белата точка успешно го реализираше Жоржињо…

Челси со оваа победа сега е на само четири победа од четвртопласираниот Ливерпул, место кое обезбедува во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...