Еден од Донарума и Навас ќе си замине од ПСЖ на лето

Тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино рече дека идната сезона нема намера да ги ротира голманите Џанлуиџи Донарума и Келјор Навас, откако голманот од Костарика рече дека работите може да се смнат.

Донарума играше 22 натпревари оваа сезона, една помалку од својот ривал Навас. Покетино се чинеше среќен за ротацијата на голманите, но сега најавува дека еден голман ќе го заземе местото.

„Соработката е добра меѓу нив, но во иднина ќе биде сосема поинаку. Јасно е дека двајцата сакаат да бранат што повеќе, и двајцата имаат подеднакна минутажа. Но, ниту еден клуб нема вакво искуство како ПСЖ“, рече Покетино.

Тоа е разбрано како Покетино да ја отвора вратата за еден од голманите. Пред неколку дена се шпекулираше за Донарума дека ќе се врати во Италија, но во Милан каде што во моментов неприкосновен меѓу диреците и Мајк Мињон. Исто така се шпекулираше и за негов трансфер во Јувентус.

За Навас, пак, има интерес од Шпанија, каде што би можел да се врати откако долго време беше дел од Леванте и потоа од Реал Мадрид со кој освои се што можеше да се освои пред да дојде Куртоа, по што тој замина во Париз.

Се вчитува...