Еден од клучните играчи на Милан пред преселба во Премиер-лигата

Милан на крајот од оваа сезона би можел да остане без еден од клучните играчи, кој е баран од Евертон. Станува збор за Рафаел Леао кој што е посакуван од синиот тим од Ливерпул.

Португалецот има договор до 2024 година, а моменталната врендост му е 35 милиони евра, но од Милан ќе бараат повеќе пари доколку има заинтересирани страни.

Покрај Евертон, од Премиерлигата има интерес и од Вулверхемптон, кој е познат по ангажманот на играчи од Португалија.

Оваа сезона Леао во Милан одигра 27 натпревари и постигна десет гола и забележа шест асистенции.

Се вчитува...