Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа сега е слободен агент. Откако се раздели со „Црвените ѓаволи“, Шпанецот е без клуб, и тренира индивидуално за да ја одржи формата.
Тој на својот „Инстаграм“ пушти видео на кое се гледа дека е во полн тренажен процес, чекајќи некој да се јави и да го земе во своите редови.
Според последните информации, најблиску сега до неговите услуги е шпански Вилјареал, кој би можел да го ангажира. Иако е слободен, проблем е неговата плата со оглед дека беше висока додека беше дел од Манчестер Јунајтед.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА