Едерсон останува верен на Манчестер Сити до 2026 година (ВИДЕО)

Бразилскиот голман Едерсон го продолжи договорот со шампионот на Англија, Манчестер сити до 2026 година.

„Го очекував ова откако разговарав со клубот. Се фокусирав на играта, агентот завршуваше се со клубот. Мило ми е што постигнавме договор. Многу сум среќен во клубот и во овој град заедно со моето семејство. Задоволен сум што мојата напорна работа е препознаена. Ќе продолжам да работам напорно за да освојуваме нови трофеи“, изјави по потписот Едерсон. 

Едерсон во Манчестер е од 2017 година каде дојде од редовите на португалска Бенфика.

 

 

Се вчитува...