„Единсон Кавани? Очајнички потег!“

Поранешниот селектор на Англија, Хари Реднап смета дека потписот на Единсон Кавани е лош потег за Манчестер Јунајтед. Тој овој трансфер го оцени како очајнички потег и смета дека „црвените-ѓаволи“ влегуваат во нови грешки.

„Знаете дека сакам да се коцкам, но тоа не е ништо ако се погледне што прави Јунајтед со Кавани. Тоа е очајнички потег. Само ќе речам нека им е со среќа, колкава плата ќе заработува. Можеби и ќе заврши добра работа, ако е гладен за фудбал и голови. Поради Солскјер се надевам дека ќе е така“, изјави Реднап. 

Кавани на „Олд Трафорд“ ќе заработува по 200.000 фунти неделно, а во клубот стигна како слободен фудбалер.

Се вчитува...