„Единствената пандемија со која се бориме е расизмот“

Англискиот фудбалски репрезнтативец и член на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, ги поддржа протестите кои се одржуваат низ Англија, а се иницирани од случувањата во САД и убиството на Џорџ Флојд. Илјадници луѓе низ Велика Британија излегоа на улиците да протестираат иако владата постојано предупредува да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

„Ова е најважната работа што се случува во моментов бидејќи ова е нешто што ни се провлекува со години. Исто како со пандемијата за која бараме решение да ја запреме. Тоа го прават луѓето што протестираат. Бараат решение за да се запре неправдата. Тие имаат цел и се додека го прават тоа на мирен начин и без да повредуваат некого или да обиваат продавници се е во ред“ – вели Стерлинг кој беше гласен во борбата против расизмот и на фудбалските стадиони.

Масовни протести во Велика Британија беа организирани во Лондон, Бристол, Манчестер, Нотингам, Вулверхемптон, Глазгов, Единбург. Огромен број спортски ѕвезди изразуваат поддршка во борбата за еднаквост и против расизмот и полициската бруталност. Џејдон Санчо беше првиот кој отоврено застана зад каузата, го следеа фудбалерите на Ливерпул поддржани од Јирген Клоп, Ентони Џошуа предводеше марш во неговиот роден град.

 

 

 

 

Се вчитува...