Илкај Гундоган нема дилеми дека премиерлигашката титула треба да му припадне на Ливерпул во случај сезоната во Англија да не може да биде продолжена поради кризата со коронавирусот. Фудбалот во Англија е суспендиран најмалку до 30 април, извесно е дека прекинот ќе биде продолжен и многу е неизвесно кога евентуално би продолжила сезоната. Ливерпул има 25 бода предност пред Манчестер Сити на врвот од табелата, но теоретски ја нема обезбедено титулата.
„За мене тоа би било ОК. Како спортисти тоа мора да го признаеме. Има различни мислења. За клубовите кои имаа добра не би било добро првнеството да биде поништено. Од друга страна оние кои се наоѓаат во зоната за испаѓање би сакале сезоната да биде поништена“ – изјави играчот на Манчестер Сити во интервју за германската ЗДФ.
Во интервјуто, Гундоган уште и зобрува за тоа дека би се согласил на намалување на платата за да се надмине кризата, но објаснува дека во Англија уште не се водат разговори на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА