Капитенот на Ливерпил, Џордан Хендерсон ја продолжи децениската кариера со нов повеќегодишен договор, објави клубот. Англичанецот е дел од „црвените“ од 2011 година кога пристигна од редовите на Сандерленд.
Како капитен го предводеше својот клуб до два големи трофеја – Лигата на Шампионите и Премиерлигата па не го криеше задоволството од продолжување на соработката.
„Уживам во секоја минута помината тука, па дури и кога ќе се потцетам на тешките моменти. Сакам да останам што е можно подолго, тоа отсекогаш го велев. Секоја година е исто, секоја година предизвикот е се поголем. Гладен сум за успех како и секогаш. Се осеќам исто како и пред 10 години, сакам да им докажам на луѓето дека го заслужувам дресот на овој клуб“, изјави Хендерсон.
𝑻𝒆𝒏 𝒚𝒆𝒂𝒓𝒔 𝒂𝒏𝒅 𝒄𝒐𝒖𝒏𝒕𝒊𝒏𝒈… 🤩@JHenderson has signed a new contract to commit his long-term future to the Reds 🙌
— Liverpool FC (@LFC) August 31, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА