Кошаркарите на Блокотехна претрпеа пораз и на вториот натпревар против Рилски спортист што го играа во Самоков, овојпат со резултат 87-79.
Избраниците на Марјан Илиевски одиграа беспрекорно во првата четвртина во која постигнаа дури 27 поени (20-27), но во оваа фаза од подготовките немаа сили да го издржат темпото, бугарскиот тим го искористи тоа, направи пресврт и на крајот стигна до заслужена победа.
Мијатовиќ повторно беше најефикасен со 27 поени, Литванецот Гаидис постигна 18, додека Младеновиќ реализираше 10 поени и осум асистенции.
Блокотехна наредниот контролен натпревар ќе го игра в недела, во Ботевград против бугарскиот прволигаш Балкан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА