Една убедлива четвртина доволна за победа на МЗТ Скопје во Гевгелија

МЗТ Скопје продолжува со победите во Првата кошаркарска лига откако во последниот меч од 9. коло „сино-белите“ славеа на гостувањето кај Кожув со 78-88. Домаќините успеаја да го сопрат фаворизираниот противник во првото полувреме, но немаа одговор за скопскиот тим во третата четвртина во која избраниците на Петровиќ постигнаа 31 поен.

Воведот на натпреварот донесе изедначена игра во која домаќините на момент беа и подобриот противник па имаа и водство од 10-7, но како што одминуваше правата четвртина „сино-белите“ успеаја да го најдат ритамот во нападот, одиграа и добро во одбраната па заостатокот од еден напад го претворија во предност од 14-21. МЗТ Скопје во втората четвртина стигна и до највисоката предност од 16-25, но како што одминуваа минутите Кожув успеа да се врати во игра. Гордон, Штерјов и Ризвиќ донесоа негатива од еден напад, а Босанецот од линијата за слободни фралња подоцна ја претвори и во предност (33-31). А, зедначениот ритам остана на паркетот до крајот на првиот дел од мечот за 40-43.

Аеродромци работите ги земаа во свои раце веќе на отварањето на второто полувреме. МЗТ Скопје беше речиси перфектен во одбрната, а одлично функционираше и нападот на „репрезентативниот погон“ па во четвртина во која Македонците во „сино-белиот“ дрес комбинираа 29 поени, МЗТ Скопје поведе со 52-74. Високата предност донесе и опшутање кај гостинските редови кое кошаркарите на Кожув знаеја да го искористат. Серија од 9-1 брзо ја стопи високата предност на аеродромци, но искустниот состав од Скопје не дозволи камбек и приреди мирешн финиш на мечот.

Со 34 поени лидер на Кожув беше Гордон, додека него го следеше Ризвиќ со 16 поени и 5 скока. Војдан Стојановски го предводеше МЗТ Скопје со 21 поен и 6 асистенции, а 16 поени и 5 скока додаде Робев.

Се вчитува...