„Едвај се воздржав да не го нокаутирам Рафа Бенитез“

Поранешниот голман на Ливерпул, Јиржи Дудек се потсети на моментот кога за малку ќе го „нокаутираше“ тогашниот тренер Рафа Бенитез.

Дудек, кој беше еден од клучните за освојување на Лигата на шампионите во 2005 година, сакал тогаш да го удри Бенитез затоа што потпишал со нов голман, Пепе Реина. Откако го загубил местото прв голман на „Енфилд роуд“, Дудек сакал да замине во Келн но целосно се фрустрирал откако Бенитез го запрел тој трансфер.

„Пепе беше одлично момче, но не ми се допадна кога го донесе затоа што сакав да бранам како би одел на Светско првенство. Келн беше заинтересиран, но само неколку денови пред затворање на трансферот ме повикаа и ми рекоа дека Рафа не сака воопшто да разговара со нив повеќе. Бев изненаден затоа што мислев дека веќе се е договорено“ – се потсетува Дудек и дополнува:

„Следниот ден по тренингот отидов по него. Ми рече дека понудиле само позајмица, и дека сум многу важен за Ливерпул. Тогаш навистина се налутив затоа што знаев дека не е така, веднаш помислив да го удрам во лице. Помислив дека ако го удрам ќе ме пушти да си одам. Неколку секунди размислував и на крај се воздржав да не го нокаутирам“.

Се вчитува...