Ефес со голем триумф го прескокна Партизан

Анадолу ЕФес ја надмина резултатскта криза, двократниот европски првак влезе во триумфална серија и со вечерашната победа на гостувањето против Басконија (76-97) го прескокна Партизан во трката за десеттото место кое води во плејин разигрувањето. Басконија имаше серија од три домашни победи, но тимот на Душко Ивановиќ беше немоќен пред налетите на Ларкин, Клајбурн и останатие „ѕвезди“ на Ефес кои го наполнија кошот на шпанскиот домаќин. Ларкин беше најефикасен со 28 поени, Клајбурн по одличното прво полувреме застана на 20, а одличен придонес од клупата имаше и Османи со 15 поени.

Барселона ја прекина серијата од два евролигашки пораза со вечерашниот триумф во Минхен над Берн од 79-87. Каталонците водеа цел натпревар, во голем дел имаа и двоцифрено водство, не дозволувајќи Баерн во ниту еден момент да се понадева на триумф на оваа средба. Џабари Паркер беше најдобар стрелец на Барса со 15 поени, еден повеќе од Лапровитола, додека стрелците на Баерн вечерва ги предводеа Ибака и Вајлер-Баб со по 17 поени.

Жалгирис одигра уште еден извонреден домашен натпревар, триумфирајќи над Милано со убедливи 87-73. Миротиќ постигна 23 поени, но немаше доволно помош од соиграчите, додека кај Жалгирис вообичаено најдобар беше Кинан Еванс со 20 поени, додека Самнер постигна 17 поени без ниту едно промашување од поле.

Се вчитува...