Европската ракометна федерација најави дека следната сезона натпреварувањата под нејзино покровителство ќе добијат промени. Ново натпреварување ќе биде Европската ракометна лига која ќе биде на местото на ЕХФ купот, а ќе биде замена за послабите групи во Лигата на шампионите кои ќе бидат укинати.
Лигата на шампионите ќе брои 16 клуба, а Македонија ќе има само едно место, бидејќи директен пласман ќе добијат деветте најдобро рангирани првенства во Европа. Што значи дека Вардар останува македонски претставник во елитното натпреварување и покрај намалувањето на бројот на учесници.
Во новото натпреварување ќе учествуваат 24 екипи. Дванаесет ќе добијат директен пласман од шестте следни федерации кои нема да имаат директен учесник во елитното натпреварување. Останатите шест ќе бидат најдоброрангираните пет клуба од земјите кои веќе имаат по еден учесник во ЛШ, а последното директно место ќе му припадне на нацијата која има најмногу титули изминатите сезони во сите натпреварувања. Останатите дванаесет места ќе бидат пополнети преку квалификациите.
Во женската ракометна Европска лига ќе учествуваат 16 екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА