ЕХФ ја откачи Грција, мора да плати казна за скандалот во Скопје

Судот за Арбитража при ЕХФ само ја потврди првичната казна изречена на Грчката Ракометна Федерација, одбивајќи ја жалбата што јужниот сосед ја приложи по ригорозно изречените мерки за направениот скандал за време на дуелот меѓу Македонија и Грција, на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 17 години.

Грчките репрезентативки го напуштија теренот по само 32 секунди игра барајќи да биде избришано името Македонија од маиците на стручниот штаб на нашиот национален тим, по што ЕХФ ги додели бодовите на нашата национална селекција, а Грција беше исклучена од шампионатот, воедно и парично казнета со 25.000 евра.

Јасно беше дека Грците немаат никакви аргументи со поднесената жалба, па казната од ЕХФ е сосема праведна – со јасна порака дека не смее да дојде до мешање меѓу политиката и спортот.

Се вчитува...