ЕХФ му верува на Начевски: Останува прв човек на судиската комисија

Денешниот изборен конгрес на ЕХФ не донесе промени во раководството на Европската ракометна федерација, а нашиот Драган Начевски ќе продолжи да ја врши својата функција како прв човек на судиската комисија во рамките на Натпреварувачката комисија.

Начевски како „противници“ за изборот ги имаше Јири Конечни, Денис Рејбел и Јута Ерман-Волф, но одличното вршеше на функцијата во претходните години беше доволна за ЕХФ да ја продолжи довербата со Македонецот.

Покрај Начевски на цело на ЕХФ останува Михаел Видерер кој доби нов четиригодишен мандат, а нема промени ниту во потпретседателските позиции како остануваат Црногорецот Предраг Бошковиќ и Данецот Хенрик Ла Кур.

 

Се вчитува...