Еибар му одржа лекција на Атлетико Мадрид… (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го доживеа и третиот пораз сезонава во Ла Лига. „Јорганџиите“ доживеаја неочекувано изненадување на гостувањето против нископласираниот Еибар кој славеше со 2-0 (1-0).

Победата за Еибар ја најави Бургос уште во 10. минута од натпреварот… А, конечните 2-0 ги постави Експозито во 90. минута.


Атлетико Мадрид остана на третата позиција со 35 бода, сега осум помалку од водечкиот Реал Мадрид, и пет помалку од второпласираната Барселона.

Се вчитува...