ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

И денеска на програмата на терените ширум Европа се бројни натпревари, ова се нашите предлози:

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Осасуна – Алавес                1

Осасуна игра многу добро на домашен терен, во последните две средби славеше над Валенсија и над Вилјареал, а претходно ремизираше и со шампионот Барселона. Серијата треба да продолжи и на дуелот со Алавес, тим што игра многу слабо надвор од својот стадион. Алавес на петте овосезонски гостувања има едно реми и четири порази (гол-разлика 3-12).

И двајцата тренери немаат преголеми проблеми со повреди, па се очекува домашниот терен да биде пресуден фактор и Осасуна да дојде до цел плен на оваа средба.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Вилјареал – Атлетик Б.      1

Џенова – Удинезе                1

Базел – Ксамакс                    1и3+

Штутгарт – Динамо Д.        1и3+

Хувентуд – Обрадорио        1

Се вчитува...