ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Богата понуда од натпревари ширум фудбалска Европа за денешниот ден за обложување…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Баер Л. – Шалке            1

„Фармацевтите“ се преполни со самодоверба откако забележаа две значајни гостински победи, над Локомотив Москва во ЛШ и над големиот Баерн Минхен во Бундес-лигата. Тимот на Петер Бош се наоѓа на само три бода од третата позиција на табелата на која е Шалке, па со триумф денеска фудбалерите на Баер повторно ќе се вмешаат во битка за влез во Лигата на шампионите.

Гостите изненадија со одличен старт на сезоната, но тренерот Вагнер нема да може да смета на дефанзивците Стамбули и Сане, како и на австрискиот репрезентативец Шепф. Со преполовена одбрана гостите од Гелзенкирхен ќе имаат тешка задача да го запрат нападот на Баер предводен од Бејли, кој минатиот викенд постигна два гола на „Алијанц Арена“ против Баерн.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Леванте – Валенсија          3+

Борусија М. – Баерн М.    2и2+

Лацио – Јувентус                1х и 2+

Тотенхем – Барнли             1

Лајпциг – Хофенхајм         1

Се вчитува...