ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Богата фудбалска понуда за обложување, ова се нашите предлози за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Челси – Бурнемаут      1-1 и 3+

Челси скокна на второто место на табелата, но слабите резултати во последно време придонесоа тимот да падне на четвртата позиција. Денешниот дуел со Бурнемаут е идеална можност за враќање на победнички патеки, со оглед на очајната форма во која се наоѓа гостинскиот состав. Бурнемаут претрпе порази на последните пет средби, четири од нив завршија 3+, а ништо подобро на тимот на Еди Хау не му се пишува ниту попладнево на „Стемфорд Бриџ“.

Згора на тоа, гостите останаа без клучниот дефанзивец Аке, кој ќе паузира шест седмици, а во чие отсуство ќе биде невозможно да се запре напаѓачкото трио Пулишиќ – Вилијан – Абрахам. За очекување е „сините“ сите дилеми околу победникот да ги решат уште во првото полувреме.

 

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Р. Сосиедад – Барселона      3+

Херта – Фрајбург                     1

Атлетико М. – Осасуна          1и2+

Фортуна Д. – Лајпциг             2

Наполи – Парма                       3+

Се вчитува...