ЕКИПА ги претставува кошаркарските прволигаши – Чаир 2030 и Струмица

Новите прволигаши за сезона 2022/23 се Чаир 2030 и Струмица кои одиграа одлична второлигашка сезона за пласман меѓу најдобрите тимови во мак-баскетот. Чаирчани ги исполнија очекувањата и на доминантен начин стигнаа до деби во „елитата“, додека Струмица изненади и предводена од еден од најголемите таленти на македонската кошарка, Димитар Зетов по неколку сезони направи камбек во Првата лига.

Во „елитата“ на македонската кошарка ги очекува тешка сезона во која мораат пред се да се изборат за опстнок, но и цел да ги надминат тешките критериуми кои го поставија ТФТ и Феникс 2010 во изминатите две сезони.


ПРЕДВИДЕН ФИНИШ ЗА ЧАИР 2030: Борба за опстанок

Чаирчарни ги задржаа дел од кошаркарите од претходната сезона и со помош на неколку Американци ќе се обидат да го задржат своето место во „елитата“. Предноста за скопскиот клуб ќе биде и домашната публика, но и покрај тоа тимот кој има мало искуство на прволигашката сцена ќе мора да биде на врвот на својата задача на секој натпревар за место меѓу најдоброто од мак-баскетот и во сезоната што следи.

Составот со кој Чаир 2030 ќе дебитира на прволигашката сцена: Елеса Камбери, Един Исмани, Арбин Рушити, Мухамед Тачи, Платин Џеладини, Јован Александровски, Фатјон Реџа, Павле Михајловски, Јулед Рамани, Јусуф Башир и Дерил Стротер

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ ЗА СТРУМИЦА: Борба за опстанок

Ова лето постоеше голема неизвесноста за тоа каков ќе биде составот со кој „сино-белите“ ќе се вратат на прволигашката сцена, но со ангажманот на неколку играчи кои претходната сезона настапуваа за прволигашите од Кисела Вода јасно стави дознаење дека намерува да остане во прволигашкото друштво.

Составот на Струмица за камбекот на прволигашката сцена: Александар Шајкаров, Драган Абрашев, Иван Волкановски, Андреја Атанасов, Душан Ахтаров, Димитар Зетов, Ранко Мамузиќ, Васил Томов, Никола Мицев, Стефан Крстајиќ, Светозар Стаменковиќ, Ефе Бешок, Исак Асрат

Овој состав на Струмица има играчи во својот ред за да не стравува за опстанок, но ќе видиме како ќе се одвива сезоната. Најзвучното име е Крстајиќ кој во претходните две сезони со голем успех настапуваше во дресот на Академија ФМП и од него се очекува да биде предводник на „сино-белите“ во тоа што следи.

Се вчитува...