ЕКИПА ги претставува кошаркарските прволигаши – Гостивар

Големо „што ако“ е сезоната 2021/22 за Гостивар која сепак мора да карактеризира како успешна. Гостиварци повторно ќе атакуваат на висок пласман, а нема да биде изненадување во „Младост“ да „паднат“ аба-лигашите.

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ ЗА СЕЗОНА 2021/22 – Суперлига

Кога станува збор за Гостивар и сезоната 2021/22 мора да се постави едно големо прашање што ќе беше доколку „сино-белите“ не останеа без услугите на Ијасу Ворку? Американецот кој беше еден од најдобрите странци во првенството заработи тешка повреда на лигаментите на коленото по што за него заврши сезоната, а со тоа и амбициите за гостиварци.

„Шефот Ворку“ беше главниот играч на тимот од западна Македонија, а без него се случи тотален колапс. Неговата замена која дојде од редовите на МЗТ Скопје 2 не ги исполни очекувањата, Рансом е кошаркар со слични „вештини“ како сонародникот, но не беше ниту блиску до тоа што претставуваше Ворку па Гостивар мораше да се задоволи само со настап во Суперлигата.

Сезоната 2021/22 не може да се оцени како неуспех со оглед на околностите и тоа што покрај нив гостиварци беа блиску до место во плеј-офот, но потфрлија во натпреварот „да се биде или не“ против ТФТ. Имаа и големи шанси за елиминација на МЗТ Скопје во четвртфиналето од Купот на Македонија, но повторно поразот се сведе на „една топка“.


ПРЕДВИДЕН ФИНИШ: Плеј-оф

Летото донесе промени во „сино-белиот“ состав кој во новата сезона ќе биде предводен од Љупчо Малинков. Сега искусниот стратег ги замени станците, задржа дел од искусните домашни и притоа ангажираше млади кошакари и со оглед на квалитетот јасни се очекувањата Гостивар да се најде во разигрувањето за титула.

Натпреварувањето на само еден фронт и одличната атмосфера во „Младост“ со сигурност ќе донесе победа против некој од аба-лигашите, но останува да ја видиме силата на овој состав во текот на сезоната и какви ќе бидат околностите во плеј-офот. Четвртфиналето е загарантирано за гостиварци, а што понатаму ќе знаеме во новата година.

Промени во соствот

Заминаа: Марјан Јанески, Никола Силаџи, Александар Тодоровиќ, Шејн Гатлинг, Кахим Рансом

Пристигнаа: Максим Митевски, Андреј Маслинко, Лувејн Пипкинс, Мајкл Стедмен, Ѓорги Корсантиа

Останаа: Роберт Димитиевски, Ренато Димитриевски, Војче Лефкоски, Тома Стојаноски

Со ангажманот на Маслинко и Митевски тимот добива поголема ширина која ќе треба да го води на тешките натпревари оваа сезона. Покрај нив тука е и перспективниот Стојановски, веќе искусните близнаци Димитриевски и Лефкоски и лидерот на тимот Ефремовски.

Гостивар има искуство во својот тим па останува да видиме како ќе се поклопат странците на новата средина. На Грузиецот Корсантија му е добро позната европската кошарка па времето за навикнување на новата средина не треба да биде долго, а дали Пипкинс ќе успее да го замени Ворку ќе дознаеме наскоро.

Се вчитува...