ЕКИПА ги претставува кошаркарските прволигаши – Кожув

По туболентната сезона во која клубот поради финанскики проблеми мораше да го промени целиот состав и три тренери останува да видиме дали ќе почне стабилзацијата на некогашниот вицешампион.

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ ЗА СЕЗОНА 2021/22 – БОРБА ЗА СУПЕРЛИГА

Тимот кој пред една деценија стигна до најголемиот успех во клупската историја завршувајќи ја сезоната 12/13 како вицешампион долго време беше стабилен клуб, но сезоната 2021/22 ја продлабочи кризата која започна година порано.

Гевгеличани имаа одличен тим на стартот, но се соочија со финансиски проблеми поради кои заминаа клучните играчи. Клубот смени и неколку странци и три тренери во текот на сезоната, но одигра најдобро против противниците од долниот дел на табелата за задржување на место на прволигашката сцена и во возбудувањата кои следат.


ПРЕДВИДЕН ФИНИШ: Борба за опстанок

Смената на раководството донесе амбиции за градење на регионален центар, нешто што често го слушаме во македонската кошарка, но никогаш не се реализира. Гевгелија има услови, но за да биде регионален центар за развој на кошаркари потребно е повеќе од добар збор.

Новата сезона нема да донесе драстично подобрување во тимот кој ангажираше нов тренер непосредно пред сезоната. Тешката задача му припадна на Игор Михајловски, а со оглед на ростерот и покрај тоа што се чини дека „црвено-белите“ нема да бидат во комбинација за испаѓање од првенството, мораат повторно да одговорат во тешките натпревари против тимовите од долниот дел на табелата.

Промени во составот:

Заминаа: Декардо Деј, Влатко Граниќ, Тач Унрих, Џошуа Нурс, Михајло Арсоски, Даниел Нацевски

Пристигнаа: Лука Петровски, Теодор Милевски, Фредерик Скот, Мајрон Гордон, Марко Грковиќ

Останаа: Горан Главчев, Александар Штерјов, Димитар Лазаревски, Илија Колев, Томислав Петров,

Kожув повторно ги задржа кошаркарите кои веќе подолго време се со тимот и тоа дава назнака дека може лесно да се избегне и стравувањето за излез од првенството, но за истото клучно ќе биде како ќе се поклопат странците.

Скот, Гордон и Грковиќ ќе имаат клучна улога, а Петровски, Главчев, Штерјов и Колев се домашните играчи кои треба да донесат стабилност во текот на целата сезона. Интересно ќе биде да видиме и каква минутажа ќе добие Петров кој важи за надеж на гевеглискиот тим.

Се вчитува...