ЕКИПА ги претставува кошаркарските прволигаши – Работнички

Сезоната 2021/22 беше дебакл за Работнички, а во новата сезона најтрофејниот тим треба да ја започе долгоочекуваната стабилизација и да работи на иднината.

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ ЗА СЕЗОНА 2021/22 – ПЛЕЈАУТ

Сезоната 2021/22 на Работнички не ги надмина финансиските проблеми со кои се мачи тимот веќе години назад и поради лошото работење клубот ја доживеа една од најсрамните сезони во својата историја. И покрај добриот почеток на сезоната под водство на Тони Симиќ клубот клубот стремеше кон промена на тренерот, а откако самиот се одлучи да замине следеше и „бродоломот“.

Замина и легендата Чековски од раководното место, заминаа странците, нашиот најтрофеен клуб остана на „младински погон“ па согласно со очекувањата и амбицијата на останатите клубови за докажување против некогашниот великан на мак-баскетот служеше како „топовско месо“.

На Работнички му се „наситија“ дебитантите, губеше од Ангели, доживеа невиден дебакл со пораз од 51 разлика од Феникс 2010, а за да ја „спаси“ сезоната и да не стравува за опстанок ангажираше странски кошаркари и ги „заборави“ младите од кои се очекува многу и во сезоната која следи.


ПРЕДВИДЕН ФИНИШ: Плеј-оф

Новата сезона нема да донесе стабилност на клубот, но очекувањата се да започне да чекори кон подобрување на ситуацијата. Да бидеме јасни, за Работнички да се врати таму каде што припаѓа по вистински пат му се потребни години и многу повеќе од играчки кадар, но се почнува од сезоната 2022/23.

Во играчкиот дел за истата тимот од „Градски Парк“ ќе смета на неколку веќе искусни домашни прволигашки кошаркари, неколку странци, но и перспективни млади кои претходната сезона доминираа во М18 лигата, а играа и финале во Третата лига.

Работнички има тим кој нема да се срамоти и ќе се натпреварува за што подобар пласман во првенството, очекувањата се дека ќе се најде во првите осум екипи и ќе разигрува за титула, но за тоа многу ќе значи и од Димитар Мираковски кој не се прослави во првата епизода на тренерското место во клубот.

Промени во составот

Заминаа: Валмир Какруки, Ранко Мамузиќ, Стефан Балмазовиќ, Иван Волкановски, Џејлен Гади, Јован Александровски, Дион Едвин

Пристигнаа: Еј-Џеј Крафорд, Ерик Нотиџ, Ѓорѓе Мариновиќ, Леонид Тодоровски, Филип Бакоч, Андреј Шошкиќ, Василиј Србиноски, Петар Бошалески, Метин Саити

Останаа: Горјан Марковски, Павел Данаиловски, Виктор Златевски

Странските засилувања ќе прават разлика и оваа сезона и од нив се очекува да бидат движечка сила на тимот. Нотиџ треба да биде „мозокот“ кој ќе ги разигрува соиграчите, а неговиот сонрадоник Крафорд кој важи да добар „шутер“ поентерски да го предводи тимот.

Марковски останува еден од клучните играчи, а очекувањата се големи и за Бакоч чие ширење на рекетот ќе биде клучно за тимот од кој се очекува повторно да се потрпе на реализацијата за три поени. Даниловски и Златевски веќе имаат прволигашко искуство, а најголема шанса од младите се очекува да добие Шошкиќ.

„Златната генерација“ на клубот е таа која треба да го превземе водството во годините кои следат, а младите талентирани играчи мораат да добијат прволигашка шанса оваа сезона. Работнички во минатото ги запустуваше своите надежни кошаркари, а за подобра иднина Мираковски ќе мора да најде начин да ги вклопи во составот. Драгоцената минутажа ќе се исплати на долги стази.

Се вчитува...