Екипа Топ 5: Идеална петорка на 11. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Последното коло од Првата кошаркарска лига за 2022 година донесе шест возбудливи натпревари во кои на победи се радуваа Еуро Никел кој славеше против Академија ФМП, Работнички кој беше убедлив против Кожув, Чаир 2030 кој ја совлада Струмица, ТФТ кој славеше на гостувањето во Куманово, Феникс 2010 кој го одбрани домашниот терен од Гостивар и МЗТ Скопје кој го доби мечот на колото против Пелистер.

Во идеалната петорка на колото место има за Никола Малешевиќ кој го предводеше Работнички до нова победа со 20 поени и 8 скока при реализација 8/9 од поле. Тука е и Ди Френклин кој повторно блесна во дресот на чаирчарни предводејќи ги со 36 поени и 8 скока, како и Бојан Крстевски кој беше лидер на МЗТ во Битола со 22 поени и 7 скока.

Двоецот на Феникс 2010, Амар Хот и Бојан Трајковски беше енигма за гостиварци. Двајцата забележаа дабл-дабл учиноци проследени со 14 поени и 12 скока од кои 5 во нападот, односно 20 поени и 11 скока на кои искусниот центар додаде и 5 асиситенции и 4 блокови.

Се вчитува...