Екипа Топ 5: Идеална петорка на 3. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Третото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе шест возбудливи натпревари во кои четири екипи успеаја да го одбранат домашниот терен, а само две славеа на гостински. Куманово славеше против Кожув, Гостивар против ТФТ, Струмица стигна до првата победа совладувајќи го Феникс 2010, а Чаир ја доби драмата против Еуро Никел. Пелистер во Скопје славеше против Академија ФМП, додека вечното дерби му припадна на МЗТ Скопје.

Во идеалната петорка на колото место има за Бре Ајви кој беше лидер на аеродромци на „Кале“ со 16 поени, 6 скока, 2 асистенции и 2 украдени топки, како и за Даниел Нацевски кој го предводеше Куманово со 20 поени со реализација 4/7 зад линијата 6,75 и 5 скока.

Гиорги Корсантиа продолжи со одличните настапи, а во третата победа на својот тим забележа дабл-дабл од 23 поени и 17 скока на кој додаде и 4 асистенции. Дабл-дабл учиноци имаа и неверојатниот Светозар Стаменковиќ кој постигна 36 поени со само едно промашено слободно фралње и 11/11 од поле и 14 скока во победа на Струмица, како и Јисуф Мохамед кој со 24 поени и 12 скока го предводеше новалијата во втората победа во сезоната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...