Екипа Топ 5: Идеална петорка на 5. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Петото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа Еуро Никел, Феникс 2010, Гостивар, Работнички, Пелистер и МЗТ Скопје.

Во идеалната петорка на колото место има за Дарко Соколов кој во победата над Кожув имаше „ол-ароунд“ натпревар проследен со 17 поени, 10 скока и 5 асистенции. Покрај него тука е и Чарлс Фалден кој го предводеше Феникс 2010 до нова победа со 35 поени (7/10 реализација за три) и 7 скока.

Пол Џексон се врати во македонското првенство и веднаш блесна на паркетот во „Кале“ предводејќи го Работнички со 34 поени и 4 асистенции до првата победа во сезоната. Грузиецот Ѓорѓи Корсантиа стандардно одигра нов одличен натпревар во кој при реализацијата на 28 поени промаши само еден обид од поле (13/14), а додаде и 7 скока.

Последниот меч во колото ни го донесе и последниот член на идеалната петорка. Тоа е Димитар Пандев, центарот на МЗТ Скопје кој оствари дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скока.

Се вчитува...